еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Ѓоко Велковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада

Раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Гази Баба и советник во советот на Општина Чаир, Ѓоко Велковски е кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри и заменици-министри во техничката влада

Политичка кариера

Според неговата биографија Велковски неколку години работел во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) како раководител на Одделението за внатрешна ревизија, како соработник во Секторот за финансиски прашања, а бил и посебен советник во Кабинетот на дополнителн заменик министер за прашања поврзани со хумана популациона политика во 2016 година, како и кабинетски службеник во областа на трудовото право и правата од законот за работни односи во МТСП во 2020 година за тогашната техничка влада,

Претходно работел и како локален економски консултант во Институтот за белодробни заболувања туберкулоза – Државна болница Скопје, бил внатрешен ревизор – соработник во Град Скопје и секретар на Град Скопје од 2021 година до 2023 година.

„Судирот со Арсовска„

Како секретар на Град Скопје, беше разрешен од страна на градоначалничката Данела Арсовска, а причината за неговото разрешување според неа било поради влијание на тендерска постапка за изградба на пречистителна станица во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велковски вели дека не е разрешен, си дал оставка оти бил разочаран од градоначалничката Арсовска

Поради влијание во тендерска постапка разрешен и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски

Тој пак негираше дека е разрешен и посочи дека не бил сменет, туку си дал оставка, бидејќи бил разочаран од Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Панче Тошковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Фото: Фејсбук/Велковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Речиси 60% од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија

Редакција

Франција со обучувачки летови на воени авиони над БиХ

Редакција

Мајката на исчезнатиот Мартин пристигна во Грција: Потрагата на Халкидики продолжува

Редакција