еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Панче Тошковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го предложи адвокатот Панче Тошковски за министер во техничката влада која треба да се избере до недела на полноќ.

Тој ќе дојде на местото на Оливер Спасовски од владејачката СДСМ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри и заменици-министри во техничката влада

Образование

Според неговата биографија Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.

Има положено правосуден и адвокатски испит, а работи како адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.

Политичка кариера

Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, во Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на државата Скопје, а бил и член во неколку комисии и работни тела.

Тошковски е претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

„Адвокат на партијата“

Како адвокат тој беше бранител на неколку обвинети функционери и членови на партијата во случаите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Пред судовите застапуваше и други членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во други случаи.

Тој даваше адвокатски и советодавни услуги и на поранешното државно акционерско друштво Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), сега Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), додека таму директот беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ѓоко Велковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки нето-плати во април

Редакција

Општина Аеродром бара 200 лица за јавни работи за дневница од 550 денари

Редакција

Тајван стана првата земја во Азија што ги легализира истополовите бракови

Редакција