Информацијата дека 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, во затворот Скопје (Шутка) има мобилен телефон дополнително ја вознемири јавноста, порадии чии и реакции истиот му беше одземен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Момчето што ја усмрти Кулакова во притвор со телефон, одземен му е по реакции од јавноста
Засега нема официјална информација како Јованов добил телефон во затворот, а случајот го истражуваат надлежните институции.
Телевизијата Сител објави дека телефонот му го обезбедил друг притвореник, а внесувањето одело преку неговиот брат. Мобилниот бил сокриен во кутија наполитанки, а до ќелијата на момчето стигнал со изговор дека лице сместено со него има гликемиски шок, па има итна потреба од шеќер. За услугата платил член на фамилијата на Васил.
Без мобилен останал и затвореникот кој го фотографила Васил.
Се истражува и вмешаноста на затвориските полицајци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка
Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор
Фото: Буревесник