Крис Павловски, канадскиот бизнисмен со македонско потекло, кој е во Македонија за Самитот на Македонија2025, најави дека со пријатели ќе финансира истражување за да се пронајде гробот на Александар Македонски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милјардерот со македонско потекло Крис Павловски дојде во Скопје за Самитот на Македонија2025
Тоа го најави за телевизијата Сител, а подвлече и дека е голем почитувач на историјата. Посебен интерес имал кон археологијата и античката македонска историја.
„Јас сум многу сериозен за финансирање на истражувања во однос на археологијата во Македонија. Многу сум сериозен и тоа многу сакам да го направам. Мислам дека немало големи вложувања во македонската археологија. Тоа е нешто што недостасува„, рече тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е компанијата Рамбл на Крис Павловски, која отвори преставништво во Македонија
Рамбл на Крис Павловски отвори претставништво во Македонија
Фото: Влада