Вкупните оперативни приходи на Европа АД Скопје лани се зголемеиле за 7,3% во однос на истите во 2023 година, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Останатите приходи се зголемени за 35,8%, а кај финансиските приходи зголемувањето е за 34,3% во однос на 2023 година.
Вкупните расходите се зголемени за 8,4% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2024 година се зголемени за 8,5%, а финансиските расходи се намалени за 53,5% во однос на 2023 година, велат од таму.
Друштвото остварило нето добивка во износ од 19.089.703 денари и истата е помала во однос на претходната година за 43%.
-Намалувањето на добивката за 2024 година е како резултат на зголемување на цените на електричната енергија и гасот, суровините, како и покачувањето на бруто платите, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа ја зголеми добивката за 133,8% во првиот квартал