Лекари од ЈЗУ Општа болница Кочани, кои спасија стотина животи во пожарот во т.н. дискотека и беа во првите „борбени редови“ кобната ноќ на 16. март, добиле намалена плата, оти зеле боледување, откри в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани
Тој открива и дека во болницата нема елементарни услови во делот со опрема, но и дека има страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата болница.
Крстевски во Фејсбук статус, посочува и дека во рамки на институциите има многу лоша клима за работа. Општината еден месец беше без градоначалник и секретар, општински инспектори се под мерки за претпазливост, а финансиските служби според него се под “тотално непотребна репресија“.
Хаос според него владее и во јавните претпријатија за кои е надлежна Општината.
КЈП Водовод Кочани е две недели без директор, три месеци без технички директор, има долг од три милиони евра, има дефицитарен кадар во делот на оперативци, а општиот хаос таму според него е создаван со децении.
И училиштата во рамки на Општината имаат долгови, а над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.
Територијалната противпожарна единица пак функционира со половина број на вработени од потребниот законски минимум, и фали опрема, возен парк, постоечкиот е дотраен, а просечната старосна граница е 46 години.
-Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите, посочува тој.
Крстевски неодамна најави и борба со незаконското градење во рамки на Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Венко Крстевски, кој е избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани
Од 32 потребни има само 16 пожарникари, вели кочанскиот градоначалник Крстевски
Фото: Општина Кочани