Лотарија на Македонија АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 1.994 илјади денари, и позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ од 2.000 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за период 01.01.2025 – 31.03.2025 година, во висина од 6.958 илјади денари, се зголемени споредбено со остварените приходи во 01.01.2024 – 31.03.2024 година.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 97,24% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат зголемување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 2,76% од вкупните приходи има зголемување во однос на 01.01.2024 – 31.03.2024 година.
Намалување во однос на 01.01.2024 – 31.03.2024 година бележат вкупните расходи, кои за периодот 01.01.2025 – 31.03.2025 година изнесуваат 4.818 илјади денари. Оперативните расходи се намалени во однос на 01.01.2024 – 31.03.2024 година и учествуваат со 100% во вкупните расходи.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период 01.01.2025 – 31.03.2025 година изнесуваат 7.082 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 01.01.2024 – 31.03.2024 година бележат зголемување.
Во структурата на вкупните приходи најголемo учество од 97,29% имаат оперативните приходи кој бележат зголемување во однос на 01.01.2024 – 31.03.2024 година. Финансиските приходи изнесуваат 192 илјада денари и учествуваат со 2,71% во однос на вкупните приходи и бележат зголемување во однос на финансиските приходи од 01.01.2024 – 31.03.2024 година.
Консолидираните расходи за период 01.01.2025 – 31.03.2025 година се во износ од 4.936 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 01.01.2024 – 31.03.2024 година.
Консолидираните оперативни расходи во периодот 01.01.2025 – 31.03.2025 година изнесуваат 4.936 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 01.01.2024 – 31.03.2024 година и учествуваат со 100% во вкупните расходи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лотарија на Македонија лани со зголемени приходи