Маж на возраст од 60 години од Куманово починал минатата недела од Ковид-19, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 20 до 26. јануари.
Тој бил вакцинирано со две дози против коронавирусот, а последна доза ја примил пред повеќе од три години. Имал коморбидитети и е почина во болнички услови.
Минатата недела во Македонија е регистриран само еден позитивен случај на Ковид-19. Заразено е лице од Струга.
Од почетокот на годинава, заклучно со 26. јануари, регистрирани се вкупно 14 ковид-позитивни лица.
Бројот на заболени во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември лани.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.