еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија во 2035 година би имала 1,53 милиони жители: Проекција на Државниот завод за статистика

Новата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажува дека ако се задржи моменталното ниво на фертилитет, Македонија во 2035 година би имала 1,53 милиони жители.

Сите седум проекции за населението во земјава до 2070 година, со различни стапки на фертилитет и морталитет, кои ги направил ДЗС, укажуваат на намалување на вкупното население.

Во најлошата варијанта, со низок фертилитет, населението до 2070 година би се намалило на 1.120.272 жители, а во варијанта со висок фертилитет, населението би се намалило на 1.408.906 жители.

Проекциите се под претпоставка дека во Македонија и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во Европската унија, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

Тие се базирани на претпоставки за движењето на морталитетот, фертилитет и миграциите во дефинираните период, без утврдување на веројатноста на нивното остварување.

Проекциите се врз основа на податоците од пописот во 2021 година.

Целата публикација ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора дозволи влез во држвата без ПЦР тест

Редакција

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава „ББ-“ со стабилен изглед

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција