еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија коспонзор на резолуцијата во ОН за геноцидот во Сребреница, за која се противи Србија

Македонија е една од земјите, меѓу кои се Франција, САД, Турција, Велика Британија и Германија, која е коспонзор за донесување резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11. јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и негово одбележување секоја година.

Србија деновиве работи истата да не биде донесена, бидејќи како што велат тамошните власти со истата српскиот народ ќе биде прогласен за “геноциден“, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска ја соопшти информацијата, смета дека тоа што Македонија е коспонзор на резолуцијата, нема да ги наруши односите со нашиот сосед.

„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани, бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна.

Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“, рече тој.

Резолуцијата ќе биде претставена на 17. април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2. мај годинава.

Истата меѓудругото осудува без резерва секое одрекување на геноцидот и ги повикува сите членови на ОН да ги чуваат фактите и да ги шират преку образовниот систем, развивајќи посебни програми за спречување на повторување на истото, осуда без резерва на сите акти за глорифицирање на воените злосторници против човештвото и геноцидот, вклучувајќи ги и тие во Сребреница.

Ја истакнува важноста од комплетирање на процесот на пронаоѓање и идентификација на жртвите. Ги повикува сите земји да се придружат кон обврските согласно Конвенцијата и да преземат соодветни мерки за казнување на тие што ги прекршуваат одредбите на оваа Резолуција.

Го повикува Генералниот секретар на ОН да воспостави програма на ОН за геноцидот во Сребреница со започнување на активности по повод одбележување на 30 години од геноцидот…

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП со апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Редакција

Лекарската комора: Ковид-19 сериозна закана за дијабетичарите, неопходна почеста контрола на гликемијата

Редакција

Изјавата на Иванов за Димитров е „срамно бегство од одговорноста“

Редакција