еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Рангирање на интернет-страницата „Глобал фајрпауер“, која е специјализирана за ваков тип рангирања ја смести македонската Армија на 108. место во светот.

Прва на листа е армијата на САД, втора војската на Русија, а трета на Кина.

Од регионот најдобро рангирана е грчката војска на 30. место, армиите на Србија и Бугарија се на 58. и 59. место, армијата на Хрватска е на 69. место, војската на Словенија е на 86. место, армијата на Албанија на 91. место, војската на Црна Гора е на 128. позиција и војските на Босна и Херцеговина и Косово се на 133. и 134. место.

Во рангирањето се вклучени 145 земји, а армиите се рангираат според воената моќ, финансиите, логистиката, силата, големината на војската…

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев-Брнабиќ: Соработка, а не блокади, фокус на иднината, не на минатото

Редакција

Во Тетово од Ковид-19 починаа четири пациенти, најмладиот на 53-годишна возраст

Редакција

Нема ЕУ со загаден воздух

Редакција