еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Нема ЕУ со загаден воздух

И проблемот со загадениот воздух може да биде сериозна пречка на патот на Македонија до членство во Европската Унија.

Со веќе најавената промена на методологијата за преговарање со ЕУ, на оваа прашање, кое е дел од поглавјето кое се однесува на животната средина и екологија, ќе му се пристапи многу посериозно.

Од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) минатата година во европскиот извештај за квалитетот на воздухот, предупредија дека повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија,

Според ЕЕА, Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител, заедно со Косово, Србија, Унгарија и Бугарија.

Тужби за земји членки на ЕУ

Колку сериозно во ЕУ гледаат на проблемот со загадувањето посочуваат и неколкуте случаеви во кои земјите членки на ЕУ заработуваат и тужби.

Таков е на пр. случајот со Бугарија, која доби тужба од Европската Комисија пред Судот на правдата поради надминување на дозволената граница на ПМ 10 честичките.

Тужба пред Судот на правдата од организацијата „Клин ертх“ доби и Велика Британија, која е во фаза на напуштање на ЕУ: Земјата беше тужена поради тоа што не успева да го заштити здравјето на луѓето од загадувањето на воздухот.

Смртноста од загадениот воздух во Македонија двојно повисока од европскиот просек

Според Светската здравствена организација (СЗО), смртноста од последици од загадениот воздух во Македонија е над 125 лица на 100.000 жители, двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители.

Доколку Македонија го доведе нивото на загадување на воздухот до максималните граници пропишани со директивите на ЕУ, ќе бидат избегнати најмалку 800 смртни случаи годишно.

Според податоци на СЗО за 2016 година, се проценува дека во Македонија поради загадување на воздухот годишно има околу 2.500 смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И македонската економија губи од загадувањето

Добредојдовте во Македонија, земјата во која загадуваат и болниците

(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 50 случаи на Ковид-19 од 2.955 тестирања

Редакција

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Редакција