еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Новиот сопственик на „Сковин“ ќе добие згради, земјиште, возила…

Голем подвижен и недвижен имот ќе добие компанијата „Винарија Сковин група“ која е најавена како купувач на имотот на винаријата „Сковин“ која мнозинскиот акционер „Фершпед“ реши да ја продаде поради нерентабилно работење.

За подвижниот и недвижниот имот на винаријата е определена вкупна купопродажна цена од 3.344.900 евра по основ на претходно прибавени понуди и врз основа на проценетата вредност определена од Одборот на директори на „Сковин“ АД Скопје.

За оваа цена купувачот ќе добие згради и објекти во сопственост на „Сковин“, деловни и помошни простории и други објекти во Маџари од неколку илјади квадрати, други објекти во сопственост на винаријата од неколку стотици квадрати во Сопиште и Сопот, градежно изградено земјиште и земјиште под згради во Маџари од над 20.000 квадрати, залихи на производи од вино во магацин, целосниот инвентар – преостанат дел од опрема, мебел, компјутери и компјутерска опрема, и други ствари сопственост на „Сковин“ АД.

Исто така, купувачот ќе добие и патнички и товарни возила, земјоделска и друга механизација со прибор и други ствари сопственост на „Сковин“ АД  Скопје.

Детален преглед на имотот кој се нуди на продажба ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“

Фото: Сковин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Државата нема пари за нови инспектори, а плаќа над илјада луѓе што не одат на работа

Редакција

Музичар од Битола повреден со нож сред онлајн концерт посветен на дете со аутизам

Редакција

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција