Во годините успешна работа Panteleon GS покажа голема експертиза на наоѓање на вистинските луѓе за вистинските работи, и ги поврза со нивните работи од соништата во големи компании од Соединетите Американски Држави. А сега, со новиот клиент Impel Union, уште една американска компанија која доаѓа од камионската индустрија, се отвора можност за вработување на врвен професионалец од нашата земја на атрактивна, но и посакувана позиција во компанијата.
Panteleon GS е во потрага по нов генерален менаџер на Impel Union, кој ќе ѝ помогне на компанијата да го прошири и надгради својот бизнис во САД. Ако ова делува како можност која не би сакале да ја пропуштите, продолжете да читате понатаму.
Живееме во време на уникатни можности, време кога се чини дека постоиме не само локално туку и глобално, и постојано имаме чувство дека светот ни е на дофат на рака. А Panteleon GS ни го потврдува тоа уште од самото основање, бидејќи во изминатите години успеа да спои илјадници обучени професионалци од земјава со нивната работа од соништата. Дел од нив веќе го живеат својот „американски сон“, работејќи на одлични позиции за големи глобални компании, и тоа локално, без да ја напуштаат родната земја.
Токму тоа го нуди и отворената позиција за нов генерален менаџер во Impel Union, компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија.
За позицијата генерален менаџер на Impel Union
Доколку имате искуство во автомобилската и камионската индустрија, сте менаџирале компанија за транспорт или пак сте биле одговорни за продажба во некој од овие сектори, тогаш ова може да биде вистинскиот предизвик за вас! Impel Union е во потрага по стручна и одговорна личност со најмалку петгодишно искуство во соодветна индустрија и одлично познавање на англискиот јазик и технолошките алатки за продажба (како на пример Salesforce), кој може ефективно да ги менаџира процесите на вработените и да го трасира развојот на компанијата. Потребен е човек со ентузијазам, кој е подготвен да го предводи тимот во динамична средина и навистина предизвикувачка индустрија.
Накратко, генералниот менаџер треба да биде обучен и способен да управува со секојдневните операции во застапништвото, но и да раководи со финансиите, да креира ефективни стратегии за лизинг, и продажба на камиони и приколки за камиони од познати американски брендови како Kenworth и Peterbilt. Повеќе информации за самиот оглас и за работните обврски на позицијата генерален менаџер можете да најдете на следниот линк.
Кои се Impel Union?
Impel Union е водечка компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија. Основана со мисија да го поддржи растот и успехот на бизнисите во транспортниот сектор, Impel Union нуди широк избор на камиони и приклучни возила од врвни брендови, флексибилни опции за лизинг и финансирање, како и стручни совети, за да им помогне на клиентите да донесат информирани одлуки.
Со седиште во Алсип, Илиноис, и дополнителни локации во Лоун Џек (Мисури), Хјустон (Тексас), Сан Антонио (Тексас) и Далас (Тексас), Impel Union е посветен на обезбедување исклучителна услуга за клиентите и помагање на транспортните бизниси да напредуваат во постојано менувачкиот пазар. Компанијата генерира годишни приходи од над 146 милиони долари, што ја става во редот на најбрзо растечките компании во индустријата.
Извонредна можност за интернационална кариера
Panteleon GS веќе со години му покажува на светот дека ние имаме плодна почва за обучен, професионален и посветен кадар, за што потврда се илјадниците вработувања на македонски поединци во некои од најуспешните американски компании. А ова е можеби и најголемата можност досега, бидејќи нуди директен пристап до огромната индустрија на транспортни операции во САД, но и лукративен финансиски пакет кој е соодветен на високите барања и стандарди на Impel Union.
Со можностите кои ги нуди, Panteleon GS им помогна голем број млади професионални и амбициозни луѓе да ја најдат својата работа од соништата и да работат за компании од американскиот пазар – со одлични услови и поглед кон интернационална кариера. Она што ја прави оваа компанија, која покрај седиштето во Скопје има своја канцеларија и во Белград, е специфичниот пристап кој таа го има кон вработените, отсликан и во нивното корпоративно мото „Нашите луѓе се нашиот бренд“.
Дознајте повеќе за компанијата на: panteleongs.mk.
ПР-објава