еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје, информираат од таму.

Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство, посочуваат од таму.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари.

Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници

-Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто изнесува 94 поени. Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 160 000 корисници, велат од компанијата.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7  проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони.

-Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, велат од таму.

Лидерство на ТВ пазарот и нова ТВ платформа

-Остануваме на лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34,4 проценти и раст од 2,3 проценти или 151 илјада корисници. Во март, воведовме нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците, велат од компанијата.

Инвестиции и развој на најдобрата мрежа

-Остануваме доследни на нашиот фокус на ширење и инвестиции во оптичката мрежа и денес имаме 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85% од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови.

Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Шара забелеа: Зимска идила на планинарскиот дом Љуботен

Редакција

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Редакција

(Фото) Кедев го искачи и врвот Анапурна 8.091 м.н.в, шести во низата над осум илјадарки

Редакција