еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макошпед лани со намалени приходи

Макошпед АД Скопје лани остварил добивка од 12.571 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 10.833 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи изнесуваат 37.940 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.

Оперативните приходи изнесуваат 25.131 илјади денари и бележат намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2023 година.

Финансиските приходи изнесуваат 12.809 илјади денари и бележат зголемување во однос на 2023 година кога Друштвото има остварено 10.697 илјади денари.

Вкупните расходи во износ од 24.528 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2023 година.

Оперативните расходи изнесуваат 24.527 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.

Финансиските расходи изнесуваат 1 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи изнесуваат 42.781 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.

Консолидираните оперативни приходи изнесуваат 29.972 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2023 година.

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 12.809 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските приходи во 2023 година.

Консолидираните расходи се во износ од 31.107 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2023 година.

Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 31.106 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 1 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед со добивка во третиот квартал

Макошпед со добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се десет најчести машки и женски имиња во Македонија?

Редакција

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Киро Глигоров верувал дека Македонците ќе прифатат компромис за името

Редакција

Дојави за бомби во уште две училишта во Скопје, вкупно четири

Редакција