еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макстил подготвени да се договорат со Владата за динамиката на враќање на парите за солидарниот данок

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е важен чекор во зачувувањето на правната сигурност и предвидливоста на деловното опкружување во Северна Македонија, велат од компанијата.

Како општествено одговорна компанија, Макстил е подготвена на разговори со Владата со цел да се најдат одржливи решенија кои нема да имаат негативни импликации врз бизнис-секторот и економскиот развој на државата, посочуваат од таму.

Согласно законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за поврат на средствата исплатени за солидарниот данок. Дополнително, Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии, динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата, велат од таму.

„Сметаме дека секоја одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во институциите.

Во овој контекст, Макстил верува дека е неопходен структуриран и транспарентен дијалог помеѓу Владата и бизнис-заедницата за да се изнајдат ефективни мерки за поддршка на јавните финансии, без да се наруши стабилноста на стопанството и инвестициската клима во земјата.

Остануваме посветени на одржливото работење, поддршката на економскиот раст и конструктивната соработка со институциите за креирање на стабилни и предвидливи економски политики,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните треба да им вратат на компаниите 50 милиони евра за „солидарниот“ данок, Уставен го поништи Законот за солидарен данок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка откупи сопствени акции

Редакција

Мицкоски се сретна со словенечкиот премиер Јанша, побарал подршка за евроинтеграциите

Редакција

(Видео) Синот на Џон Ленон во чест на Украина за првпат ја изведе култната “Imagine”

Редакција