Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека со инивијативата за формирање на Академија на Албанците за наука и уметност, се оди кон прогрес.
„Се додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, истражување, не треба да се плашиме. И Албанците до вчера имаа проблем со основно, со средно образование, со универзитетите.
Сега тоа што го бараат да бидат вклучени и во научните истржувања и во академскиот дел, тоа е за поздравување и мислам дека тоа ќе наиде поддршка и од поголемата заедница, т.е. од Македонците,“ изјави Меџити.
Прашан зошто оваа академија не биде дел од МАНУ, тој изјави дека можеби и тоа ќе биде решение.
„Но, и МАНУ треба да ги отвори вратите. Ќе прашам зошто во МАНУ нема вработено ниту еден Албанец. Дали втората заедница нема луѓе за МАНУ, не сакаат да се занимаваат. Ова е предизвик, го отвораме ова прашање и заедно треба да најдеме решение.
Се додека граѓаните на оваа земја, без разлика на која етничка припадност припаѓаат, бараат школување, бараат да бидат вклучени во акдемскиот дел, во научните истражувања, треба да бидеме среќни и оти тоа е придонес, инвестиција за иднината на оваа држава,“ изјави Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во една држава не може да има две национални академии, вели академик Камбовски
Науката не треба да се политизира и етнизира, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Академијата на Албанците
Фото: Фејсбук/Меџити