МВР објави фотографија од исчезнатата Вања Ѓорчевска, по која се трага повеќе од 24 часа.
„Ѓорчевска Вања, татко Александар, мајка Зорица родена 27.02.2009 година во Скопје, каде и живее.
Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во Општина Центар-Скопје.
Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон,“ се вели во описот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.