Менсур Пајазити кој на 15. август 2022 година смртно ја прегази Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, призна вина и доби две години затвор.
Како олеснителни околности судијата Елведин Ферати ги наведе неговото признание и однесувањето на обвинетиот на судењето.
Семејството на Ристовска, со неверување ја примија пресудата.
„Две години го осудија што уби човек. Колку вреди животот во Македонија дали некој ќе ми објасни, колку вреди животот на сестра ми. Со две години ние треба да бидеме задоволни? Не, не може со две години, максималната казна нема да ми ја врати Теодора мене. Ќе ми ја олесни маката мене, ќе каже на секој следен што може да го доживее не дај Боже истово, ќе каже дека има правда, ако стигне до максимална казна“ изјави сестрата на Теодора, Ева Ристовска.
Оваа пресуда е за година и половина пониска од првата првостепена која Апелациониот суд ја намали на две, а Врховен суд ја укина.
Фото: Unsplash