еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за животна средина не наплатило од должници 1,4 милион евра за вода, открива Државна ревизија

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2022 година не наплатило од должници 1,4 милион евра за користење и испуштање вода, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

Во извештајот е наведено и дека Министерството на компаниите кои се обврзани да го плаќаат надоместокот за вода им понудила и можност за плаќање на заостанатите долгови на рати, но и тие не се плаќале навреме.

Ревизорите меѓудругото во извештајот констатираат дека не се знае и ниту кој и колку плаќа за А-интегрираните еколошки дозволи.

Со ненавремено издавање на решенија за плаќање на надоместокот за А-интегрирана еколошка дозвола, Министерството било во минус околу три милиони денари, ревизорите констатирале и дека има компании што повеќе од пет години не добиле решение за плаќање на овој надомест. Има и ненаплатени побарувања од минати години во висина од девет милиони денари, од кои пет милиони се постари од три години, но за нив нема докази за навремено утужување.

Неправилности има и во уплатата на надоместокот од регистрација на моторни возила и пловни објекти од кои во 2022 година се наплатиле околу 248 милиони денари, за кои ревизорите констатирале дека во евиденцијатата нема пари од регистрација на пловни објекти.

Исто така Министерството давало и наменски дотации на општините, но дел од нив не вратиле програми како тие пари биле искористени.

Државна ревизија во извештај констатира и дека овластениот државен ревизор има неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики на оваа институција.

„Во ревизијата на финансиските извештаи е утврдено дека сметководствено-финансиските работи не се водат навремено, целосно и ажурно, ниту е спроведен попис на средствата, побарувањата и обврските. Не се евидентирани деловни објекти, ниту е осигуран дел од деловниот простор и опремата со која располага Министерството“, се вели во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Редакција

Тони Цетински, Јелена Розга, ДНК, Џамбо Агушеви ќе настапат на штипската Пастрамајлијада која се одржува вечерва и утре

Редакција

Потребен е ветинг во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите, смета Џолев

Редакција