еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори

Претседателот на македонското Собранието, Јован Митрески, денеска ги распиша претседателските и парламентарните избори.

Според решенијата што ги потпиша, првиот круг од седмите избори за претседател на Македонија ќе се одржи на 24. април 2024 година (среда), а вториот круг гласање ќе биде после две седмици, односно на 8. мај.

На истиот датум со вториот круг претседателски избори (8. мај) ќе се одржат и 11. парламентарни избори.

Според член 63 од Уставот на Македонија, избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието.

Членот 81 од Уставот, пак, предвидува дека изборот за претседател на Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

Роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението за распишување на изборите во „Службен весник“.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: И кај младите се можни сериозни оштетувања на органите по прележан Kовид-19

Редакција

За плати, награди и надоместоци на Управниот одбор на Макпетрол лани исплатени 45,7 милиони денари нето

Редакција

Млади успешни претприемачи од Македонија: Основачите на CodeWell со награда во Варшава

Редакција