еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: И кај младите се можни сериозни оштетувања на органите по прележан Kовид-19

Според истражување спроведено од седум универзитети во Велика Британија, младите хоспитализирани поради Kовид-19 се во подеднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години.

Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на лекувањето, јави Би-би-си.

Студијата вклучува 73.197 лица во 302 болници во Велика Британија за време на првиот бран на коронавирусот во 2020 година.

– Пораката е дека ова не е болест што ги погодува само постарите лица и ранливите, рече професорот Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.

Тој додаде дека Ковид-19 не е обичен грип и дека се забележани компликации кај многу млади луѓе, а некои од нив имаат потреба од третман на оштетени органи дури и по прележана инфекција.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предвидува ослободување за казна затвор до 6 месеци: Законот за амнестија помина на Влада и оди во Собрание

Редакција

Само во Македонија: Затвореник во Идризово вршел измами преку мобилен телефон

Редакција

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција