еМагазин
Image default
Македонија

Вчера аплицирани 11.695 вакцини, ревакцинирани се вкупно 267.106 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани, информира Министерството за здравство.

„Прва доза вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

„Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 58 отсто од населението над 70 години, 55 проценти од лицата над 65 години, 50 отсто над 60 години и 40 проценти од оние над 50 години,“ се додава во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, посочуваат од Министерството за здравство.

„Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје“, наведуваат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија се присутни три соја на коронавирусот: Според ЕМА, сегашните вакцини во две дози штитат од новите мутации

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот

Редакција

Барањето за екстрадација на Палевски од Турција е испратено

Редакција

Утврдени пропусти кај судии во Апелација за предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

Редакција