еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утврдени пропусти кај судии во Апелација за предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

Судскиот совет на денешната 427 седница го разгледа и усвои извештајот од работната посета на Апелациониот суд Скопје, во којшто е утврдено дека не се запазени законските рокови за постапување на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“.

Извештајот покажал дека при постапувањето по предметите не биле запазени предвидените законски рокови, а како што рече Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет, и кoординатор на работната група која го испитуваше постапувањето на судиите, рече дека за тоа како образложенија биле наведени сложеноста и обемноста на предметите, како и боледувања и одмори.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева кажа дека извештајот е целосен и дека ирелевантно е дали имало оправдани причини за изминувањето на долгите периоди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Каргомакс“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на две комунални возила вредни 459.000 евра

Редакција

(Фото) Првата водородна машина на „Брако“ ги чисти улиците на Утрехт

Редакција

Нови 46 случаи на Ковид-19 во Тиквешко, најмладиот заболен има 11 години

Редакција