Шеесет и двегодишен жител на струшкото село Ливада е осомничен дека е сторител на масовното убиство на кучиња во Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга е извршен службен разговор со М. З. (62) од селото Ливада, Струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 6:45 до 7:15 часот со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници на улицата Владо Малески во Струга.
Од него е одземена ловечка пушка сачмарка, калибар 16 милиметри, заради вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.