еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Во Струга со пушка застрелани десетици маалски и домашни миленици, сторителот да одговара бара „Анима мунди“

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информира дека утрово жител на Струга со пушка убил десетици маалски и домашни миленици.

– Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денеска жителите на градот Струга. Личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка, тврдат од „Анима мунди“.

Од здружението реагираат зошто комуналната служба ги собрала убиени животни.

– Една служба што навидум личи на комунална, ги собира лешовите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова грозоморно убиство, посочуваат од „Анима мунди“.

Тие го прашуваат Министерство за внатрешни работи дали овој случај ќе ја добие правдата.

– Апелираме до надлежните институции веднаш да ги преземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство, подвлекуваат од Здружението за заштита на животни.

Видео: „Анима мунди“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Палми и лампиони: Како е новогодишно украсена Струмица

Редакција

(Во живо) Илјадници граѓани пред Влада: Трет ден протест против „францускиот предлог“

Редакција

Американската влада обезбеди 3,1 милиони долари за македонските граѓани за вакцинација против Ковид-19 и спречување на ширење на заразата

Редакција