еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странска агенција за шверц на дрога, објави албанската телевизија “Ора њуз„

Албанската телевизија „Ора њуз“, повикувајќи се на лице кое ќе биде заштитено од правдата и кое поседува неколку аудио снимки, објави дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата за шверц со наркотици, водена од странска агенција.

(Видето може да го погледнете, кликнувајќи директно на You tube)

„Лице кое во моментов јавно не го кажува својот идентитет, бидејќи очекува да добие заштита од правдата, има неколку аудио снимки на кои се слушаат функционери од највисоките нивоа во Македонија“, објави телевизијата.

Според „Ора њуз“ во аудио снимките има високи функционери на коалицијата СДСМ-ДУИ, но и „познати имиња на сините униформи“, кои покажуваат дека функционерите директно интервенирале за да се овозможи неуспех на операција за шверц со дрога.

Лицето на кое се повикува телевизијата, тврди дека комуницирало со Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во април 2021 година, во акција на американската служба за борба против дрога (ДЕА) во близина на Прилеп беа запленети 200 килограми дрога во вредност од 800 илјади евра. Беа поднесени кривични пријави за шестмина, меѓу кои и за шофер на Трајче Заев и полициски началник од Прилеп.

Видео: RTV Ora

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Што видовме на вториот и третиот ден на Моден Викенд Скопје

Редакција

Жената која ја усмрти багер била истакнат археолог

Редакција

До 2024 година треба да бидат заменети личните документи, кои се новите цени

Редакција