еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Уставен ја “замрзна“ изградбата на бензиската на „Пуцко петрол“ во скопски Карпош

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош и донесе одлука да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, информираат денеска од Уставниот суд.

Од Уставниот суд, информираат дека, на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

– Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура.

Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото, се вели во соопштението од Уставен суд.

Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, или воведена е т.н. времена мерка која се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.

Бензиска таму требаше да гради “Пуцко петрол“.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

Редакција

Луфтханза влезе на македонскиот пазар, првиот авион од Франкфурт слета на скопскиот аеродром

Редакција

Кој е Сашо Тасевски, најсериозниот кандидат за нов директор на БЈБ?

Редакција