еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Сашо Тасевски, најсериозниот кандидат за нов директор на БЈБ?

Еден од најсериозните кандидати за нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е Сашо Тасевски, кој на јавноста и стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев, кој извади огнено оружје и пукаше за време на инцидентите во Собранието на 27 април.

Порталот Press24 повикувајќи се на високи извори во МВР, објави дека одлуката се очекува денеска да помине на седница на Владата.

Тој доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски. 

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност.

Од 2001 година има работено кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, a потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.

Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

Фото: Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски и американски компании продолжуваат да остваруваат големи приходи во Русија

Редакција

Русија станува сопственик на украинската нуклеарка Запорожје

Редакција

Се шетаат ли низ Македонија „лажно“ вакцинирани граѓани?

Редакција