Бојан Јовановски Боки 13, кој е на условен отпуст од затвор, во кој заврши за случајот „Рекет“, на социјалните мрежи сподели детали за неговата здравствена состојба и откри дека му е падната косата и дека носи вештачка.
Како што пишува тој, тоа било резултат на бројните хируршки интервенции, наталожени стресови, компликации, силните секојдневни терапии и неговата секојдневна борба со болеста.
-Се надевам дека една група на поединци ќе сега се задоволни и посреќни… И доста веќе ми ја коментирате болеста и здравјето! Само јас си знам како ми е и како сум! Јас сум бил и ќе останам борец, а поединци кои се радуваат, коментираат и се шегуваат на болест на друг им посакувам среќа, ќе им треба, бидејќи кармата е кучка!, напиша тој на Инстаграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 останува на слобода, во затвор нема услови да се лекува
Јовановски во 2023 година направи операција за целосно отстранување на желудникот, а повеќе лекари сметаат дека поради компликациите по операцијата, тој не може да се лекува во затвор.
За него во тек е судењето за уште еден случај, кој се однесува не неговото здружение Меѓународен сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Боки 13 ја преработи „Само една песна таговна“ на Пепи Бафтировски
Боки 13 најави документарно-игран филм “Рекет“
Фото: Боки 13/Фејсбук