еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Младите од Центар даруваат и донираат за Лео

Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне.

Во ТЦ “Рамстор„ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.

Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.

На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, со порака дека секоја донација е важна за да се помогне на Леонид.

Добротворниот базар се реализираше во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на Рамстор.

На 27 и 29 декември на вториот кат на ТЦ Рамстор ќе се одржат уште две слични манифестации на кои ќе учествуваат младите Центарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со вашата поддршка за негово лекување, ќе му го дадете најубавиот новогодишен подарок на Леонид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Редакција

Најтрофејниот македонски актер Никола Ристановски доби Гран при на фестивал во Никшиќ

Редакција

Веро трајно ги намали цените на 650 производи за секојдневна употреба

Редакција