еМагазин
Image default
Бизнис

„Мода“ од Свети Николе лани работела со загуба

И покрај зголемените приходи, Мода АД Свети Николе лани остварила загуба од 18.949.841 денари, што е резултат на зголемените трошоци на работењето, информираат од таму преку Македонската берза.

-Трошоците за плати изнесуваат 104.134.662 денари и се за 21% повисоки од минатогодишните, но притоа се исплатени уште 17.517.521 денари за плати на вработените преку агенции за времени вработувања.

По решение на Управата за јавни приходи (УЈП), “Мода“ ја врати целокупната добиена финансиска помош за март 2021 година во износ од  6.636.172 денари и исплати казнена камата од 1.409.523 денари.

За февруари врати 50% од исплатената финансиска помош или 3.331.619 денари.

Бидејќи “Мода“ смета дека Решението на УЈП за март е незаконито поднесе тужба до Управниот суд и ако го добие спорот ќе добие назад 3.318.086 денари за помошта и 1.409.523 денари за исплатената казнена камата.

Остварените приходи од работење се за 21% по високи од минатогодишните, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мода од Свети Николе во првите девет месеци со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Превозниците ќе може да возат патници со максимална исполнетост на капацитетот

Редакција

Макпетрол откупи сопствени акции

Редакција

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Редакција