еМагазин
Image default
Бизнис

Превозниците ќе може да возат патници со максимална исполнетост на капацитетот

Владата на последната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

-Донесена е и одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја, информира Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува минималната плата, недела ќе биде неработен ден, работниците во трговските центри ќе имаат и двојна дневница и слободен ден

Редакција

„Кемет Електроникс“ ја проширува својата фабрика во Бунарџик

Редакција

Димитриос Плакоутсис нов потпретседател на Управниот одбор на Жито лукс

Редакција