еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Налепниците НМК ќе може да се купат во станиците за технички преглед

Сопствениците на возила, заклучно со 12. февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“.

Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

– Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, наведуваат од МВР.

Според претходните најави од МВР, тие ќе бидат доставени до станиците за техничките прегледи, каде што граѓаните ќе може да си ги купат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку ќе чинат налепниците НМК за автомобилите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава

Редакција

(АУДИО) Хит на социјалните мрежи: „Се ќе биде океј“, песна со Јанева и Камчев

Редакција

Ќе можеме ли да патуваме со авион без да се вакцинираме за Ковид-19?

Редакција