еМагазин
Image default
Забава

Најдобрите филмови кои можат да Ви помогнат да научите да играте онлајн игри

Филмовите се еден од најпопуларните форми на забава во последниве веќе со децении. Луѓето ја сакаат филмската уметност поради различни причини. За некои, тоа е можност за момент да се исклучат од реалноста и да влезат во некој друг свет. Други пак уживаат во кинематографијата, музиката и режирањето.

Тоа што е интересно е дека постојат и луѓе кои ги сакаат филмовите поради можноста да научат нешто ново, да го подобрат своето стекнато знаење или пак да добијат нова перспектива на работите.

Во последно време, се повеќе луѓе се заинтересирани за играње онлајн игри. Овие игри бараат одредено знаење и умешност за да може да уживате во нив. Еден од неочекуваните начини да дојдете до знаење и умешност во оваа активност е преку гледање на одредени филмови поврзани со нив.

На пример, сугестија во стилот изберете го најдоброто казино не е нешто што ќе најдете во нив, но изборот на онлајн казино Македонија ќе биде полесен откако ќе изгледате некој од нив.

Следува нашата листа на неколку филмски наслови кои се најдобри во тој поглед.

Ready Player One

Објавен во 2018-та година, Ready Player One не беше само еден од најдобрите научно фантастични филмови за таа година, туку и во последната деценија. Актерското дуо Тај Шеридан и Оливија Кук (една од главните актерки во популарната ТВ серија Куќата на Змејот) беа на висина на задачата.

Секако, и легендарниот режисер Стивен Спилберг кој стои позади овој филм има свој удел во успехот. Ready Player One ве носи во дистописка иднина каде луѓето користат сетови за виртуелна реалност за да играат и да избегаат од суровата реалност.

Во поглед на едукативниот аспект на филмот и односот со онлајн игрите, филмот може да ви помогне на неколку начини.

На пример, во него ќе дознаете за тоа колку е важно да бидете тимски играч и да соработувате со останатите играчи што е нешто што се бара во онлајн насловите со повеќе играчи.

Понатака, овој филм зборува и за тоа колку е важно играчот да биде упорен и фокусиран на игрите за да биде победник. Да не заборавиме и дека овој наслов ни дава поинаква перспектива на значењето на различните механики во игрите и користење на стратегии за да дојдеме до успех.

Rounders

Уште еден возбудлив филм во овој жанр е Rounders. Овој наслов е малку постар (објавен е во 1998 година), но со оглед на тоа што правилата на онлајн казино игрите, барем за повеќето од нив, не се менуваат, би рекле дека е добар за оние кои сакаат да играат такви игри на својот компјутер или мобилен уред.

Rounders е всушност драма која го следи Мет Дејмон односно неговиот лике Мајк МекДермот кој се има откажано од играње Тексас Холдем покер за да се посвети на студирањето. Сепак, неговото минато го стигнува и тој се здружува со Едвард Нортон кој го игра неговиот пријател Ворм.

Со помош на овој филм, гледачите можат да научат многу за покерот особено за психолошкиот профил на играчите, блефирањето, како функционираат турнирите и така натака.

Постојат и делови кои се особено важни за разбирање на стратегиите кои се применуваат во покерот. Ова е корисно да се научи бидејќи покерот е една од ретките казино игри каде стратегијата и знаењето игра клучна улога во успехот на играчот.

21

Следниот филм има едноставне наслов, но комплексна приказна. 21 имаше премиера во 2008 и постигна голем успех кај публиката.

Она што го прави особено возбудлив за љубителите на онлајн игрите е тематиката односно блекџекот. Во овој филм брилјира холивудскиот актер Кевин Спејси кој води група на студенти, надарени математичари.

Тие заедно создаваат комплексен систем за броење карти врз основа на нивните исклучителни математички вештини и знаења. Овие техники на следење карти и ставање облози во специфичен период на играта се покажале ефикасни во различни блекџек варијанти.

Секако, не постои магична формула која може да ви помогне кога играте онлајн блекџек, но сепак, ваквите филмови како 21 ви помагаат да дознаете многу за оваа игра со карти.

Дури и да не сте по блекџекот, ве советуваме да го гледате овој филм бидејќи има многу сцени кои ќе ги паметите долго. Дополнително, во него се зборува и за темната страна на физичките казина. За среќа, тие работи не постојат на интернет односно кога играте онлајн.

Molly’s Game

За крај го имаме Molly’s Game, филм објавен во 2017-та година. Тоа што го прави поинаков е фактот што е базиран на вистински настан. Овој филм е инспириран од Моли Блум, млада жена која случајно ќе се најде во центарот на илегалното коцкање во Лос Анџелес.

Имено, Моли Блум почнува да организира покер игри во кои земаат учество исклучиво играчи кои можат да си дозволат високи влогови. По кратко време, овие средби стануваат хит меѓу елитата во Лос Анџелес.

Во овој филм индиректно се запознаваме со бзнис страната на коцкањето и ризикот од нелегално коцкање. Секако, добиваме и уникатен поглед на менталниот склоп на покер играчите односно што е тоа што ги тера да играат и да ставаат високи облози.

По гледањето на овој филм, најверојатно ќе сфатите колку е важно играчот да има предодреден буџет кога игра онлајн игри од овој вид. Дополнително, оние кои се заинтересирани за онлајн игри ќе увидат дека легалното коцкање кое сега е достапно онлајн е многу подобра и побезбедна опција.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Travel The World“ на Владимир Четкар во над 3 илјади „Мекдоналдс“ ресторани во Јапонија

Редакција

(Фото) Мелита „жари и пали“ на Инстаграм

Редакција

Конкурс за учество во ТВ шоу „Нови Херои“

Редакција