еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Најмладата има 23 години: Познат идентитетот на трите загинати жени кои со автомобил излетаа во Вардар

Познат е идентиетот на трите жени кои загинаа во вчерашната несреќа, кога со автомобил излетаа во реката Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Три жени загинаа во несреќата во која автомобил излета во Вардар, се трага по маж

Најмладата според Министерството за внатрешни работи има 23 години. Станува збор за Н.А..

Меѓу загинатите се и В.А. (25) и З.А. (59) сите од селото Грчец, скопско.

Се уште се трага по мажот, А.А. (56)  од истото село.

Во несреќата беше повредено и петгодишно дете, чија состојба е стабилна, а беше пронајдено од случајни минувачи, кои го извадиле од возилото.

Телата на починатите се предадени на обдукција.

Возилото „Ауди“ го управувала една од починатите жени, а несреќата се случи на патот од селото Рашче кон Кондово и Сарај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил излета во Вардар, во него биле лица од исто семејство од Грчец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Скопје: До смрт ја претепал жената со која живеел во куќа на улица „Перо Наков“

Редакција

Мандатот му истекува на 12. мај: Какви привилегии ќе му останат на претседателот Ѓорѓе Иванов?

Редакција

Попова Кула лани со зголемена добивка

Редакција