На стартот за судењето за убиството на скопскиот бизнисмен, Васил Ефтимов (59), кој беше убиен на 20. август лани на паркингот на трговскиот центар „Мавровка“, обвинетиот Елвин Куртовиќ признал вина и изразил жалење за стореното, а пред Судот кажал дека неколку дена бил под дејство на кокаин, пренесе телевизијата Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е убиениот пред трговскиот центар Мавровка
Куртовиќ не признал вина за другите две дела „нелегално поседување на оружје“ и „обид за убиство“ на полицајците кои беа во потрага по него на критичниот ден, а неговата адвокатка Софија Лаличиќ побарала најблага можна казна, бидејќи нејзиниот клиент поради конзумирањето дрога не можел да расудува правилно и да го сфати значењето на своите постапки. Според неа, и државата потфрлила, најпрво што не успеала ресоцијализацијата на Куртовиќ, а потоа што останал на слобода.
Како што е познато, Куртовиќ го изврши убиството додека отслужувал казна, а бил пуштен на викенд и не се вратил во затворот Идризово во Скопје.
Обвинителството пак очекува најстрога казна.
Пресудата ќе биде изречена во четврток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничените за убиството кај „Мавровка“ биле во бегство од затвор
(Видео) Познат идентитетот на убиецот кај „Мавровка“: МВР со детали за акцијата
(Видео) Што сѐ е познато за убиството кај Мавровка
Фото: Унсплеш