еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обезбедувач на Мицкоски нападнал полицаец на должност, заработи кривична и нема повеќе да го обезбедува

Членот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, И.Б., синоќа пред ресторан во Скопје нападнал полицаец на службена должност.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР), со кое сега раководи кадарот на опозициската партија, Панче Тошковски, информираа дека И.Б. заработил кривична пријава, а од ВМРО-ДПМНЕ дека нема повеќе да го обезбедува Мицкоски.

„Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б. (43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор во МВР,“ информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Редакција

Поради корона вирусот до крајот на април затворени хотелите во Грција

Редакција

“Браќа и сестри, престанете“: Папата Франциск бара мир во Израел и Газа

Редакција