еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавени сите советници на Мицкоски, еве кои се

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници, а нивните имиња се објавени денеска по барање на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски има 17 советници, кои земаат плата од 60 до 90 илјади денари

Нивните плати и хонорари не се објавени, но вчера самиот премиер информираше дека тие со полно работно време земаат месечна плата од 90.000 денари, кои се четири на број, а другите имаат хонорар од 60.000 денари.

Еве кој и за што го советува Мицкоски:

М-р Амбасадор Сашо Марковски, надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија.

Јоханес Хајдекер, надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики  кон процесот на пристапување во Европската унија.

Цветко Мицевски, надворешен советник за инфраструктура.

Проф. д-р Гоце Наумовски, надворешен советник за прашања од областа на правото.

Проф. д-р Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика.

Проф. д-р Александар Спасеновски, надворешен советник за европски прашања.

Снежана Трпевска, надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Владимир Пешевски, надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата.

Зоран Ставревски, надворешен советник за финансии и банкарство.

Горан Николовски, надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста.

Шенер Биљали, надворешен советник за односи меѓу заедниците.

Трајко Вељаноски, надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем.

Мимоза Рајл, надворешен советник за култура.

Љубчо Андоновски, надворешен советник за национална безбедност.

Проф. д-р Јован Пејковски, надворешен советник од областа на политичките и економските науки.

Проф. д-р Даме Димитровски, надворешен советник за животна средина и клима.

Д-р Игор Николов, надворешен советник за реформи во здравството, кој од 31.01.2025 година е со спогодбен прекин на договор, поради именување за амбасадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советникот на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега во Украина убиени 135 деца, соопшти Украинското обвинителство

Редакција

Беќаровски: Замислете преку 20.000 лица да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица

Редакција

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, тврди министерот Сали

Редакција