еМагазин
Image default
Македонија

Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во А1 СЦ „Борис Трајковски“

Министерството за здравство соопшти дека во салата А1 „Борис Трајковски“ има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години.

Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група кои изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за да им закаже термин за вакцинација.

Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ „Борис Трајковски“.

За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизација со приоритет врз основа на возраст.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 706 прекршоци за неносење маска, 4 лица не ја почитувале мерката за изолација

Редакција

Починати 11 лица од Ковид-19, вкупно до сега 7.062

Редакција

Не само во Тетово: Во ковид-болницата во Гостивар преку прозор се влегувало за посета

Редакција