еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во судир на камион и автомобил кај Ростуше едно лице загина, а три се повредени

Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгоре „БМВ“ во Скопје, пожарот зафати и „Тојота“

Редакција

Нови 53 случаи на Ковид-19 од 2.691 тестирања

Редакција

Нема согласност од сите партии за заедничка средба на тема уставни измени, вели Пендаровски

Редакција