еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Одобрени дополнителни 100 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Министерството за здравство информира дека се одобрени дополнителни 100 милиони денари за обезбедување на лекот „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“ на дополнителни пациенти со цистична фиброза.

Универзитетската клиника за детски болести добила согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со директни преговори со овластениот дистрибутер на Вертекс, велат од таму.

Од Детската клиника којашто треба да го набави лекот велат дека на 21. ноември е потпишан договорот помеѓу директорите на Клиниката и Алкалоид Конс, а целата количина на лекот се очекува да биде испорачана во првата половина на декември оваа година.

– Со 102 тераписки режими ќе бидат покриени досегашните 12 пациенти кои веќе го примаат лекот за уште два месеци (до април 2024), но лек ќе има и за дополнителни пациенти што ги исполнуваат критериумите за „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“, велат од Клиниката.

За потсетување, во 2023 година со условен буџет на Клиниката за детски болести се обезбеди и се започна терапија кај 12 пациенти со цистична фиброза. Осум од овие пациенти коишто ја почнаа терапијата се следат во оваа јавно-здравствена установа, а останатите четири што ја почнаа терапијата се следат на Клиниката за пулмо-алергологија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100 припадници на македонската Армија денеска заминаа да помогнат во санирање на последиците од невремето во Словенија

Редакција

(Фото) „Вила Двор“: Одлично место за престој во Охрид

Редакција

Приватните автобуси на „Слобода превоз“ утре нема да сообраќаат поради долг од ЈСП „Скопје“

Редакција