еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Во организација на Жан Митрев Клиник и Македонското здружение за кардиологија, се одржа првата Школа за напредната срцева слабост, информираат од таму.

Целта на организирање на Школата е пренесување на новини во лекувањето, примена на нови процедури и оценка на актуелната ситуација во поглед на примена на напредни третмани во Македонија во споредба со регионот.

На школата зедоа учество повеќе од 80 доктори кардиолози во приватно и јавно здравство од цела Македонија.

„Срцевата слабост е застапена кај повеќе од половината од вкупните кардиоваскуларни заболувања што се појавуваат во Европа. Истовремено во последнава деценија се случуваат права револуција во лекувањето како медикаментозно така и немедикаментозно во оваа област.

Имајќи го сето тоа предвид како и новите европски водичи за лекување на срцевата слабост, Македонското здружени за кардиологија како членка на Европското здружение за кардиологија ја даде својата поддршка на Клиника Жан Митрев за оваа иницијатива и организирање на првата школа за срцева слабост“, истакна проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија.

Искусни професионалци од меѓународен ранг, од  регионот и од земјата со признати достигнувања во полето ги претставија своите заклучоци и методи. Гости предавачи беа и еминентни имиња од регионот проф. д-р Иван Кнежевиќ и проф. д-р Бојан Вртовец од Клиничкиот болнички центар во Љубљана, Словенија, како и доц. д-р Дејана Поповиќ од Универзитетскиот клинички центар во Белград, Србија.

Од домашните специјалисти пред присутните предаваа доц. д-р Тања Анѓушева и проф. д-р Милка Клинчева од Жан Митрев Клиник, проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија, проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска и доц. д-р Ирена Митевска од Клиниката за кардиологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и доц. д-р Планинка Зафировска од Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

Школата е акредитирана од страна на Лекарската комора на Македонија, а под покровителство на компаниите за медицинска опрема АББОТ со Синерџи и Би-Мек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во училиште во Крива Паланка на аукција се продадоа џиновски новогодишни честитки од рециклирачки материјали

Редакција

Да не се чека и одложува, Клиника Жан Митрев со кампања за зголемување на свеста го одбележува месецот на женското здравје

Редакција

(Фото) Четврт семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

Редакција