Колку брзо ќе биде екстрадиран од Турција во Македонија осомничениот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо, најмногу зависи од него.
Како што информираа од Министерството за правда процедурата може да трае и со месеци, а најбрзо тој може да биде екстрадиран, ако самиот го побара тоа, со т.н. скратена постапка и ако не се жали во текот на постапката која ќе ја водат турските власти.
Кога се работи за скратена постапка за екстрадиција лицето прифаќа да биде предадено и после тоа се зависи од тоа колку бргу ќе се изготви решението формално и колку брзо ќе стане правосилно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
Бидејќи Палевски во Македонија го очекува доживотен затвор, не е за очекување дека тој сам би сакал да се врати во земјава.
Како што пренесоа турските медиуми, деновиве турските власти ги испитуваа неговите контакти во Турција и зошто се одлучил да избега токму таму.
Според тамошната процедура, за да Палевски биде екстрадиран во Македонија, прво ќе одлучува локалниот Основен кривичен суд, потоа Судот за тешки кривични дела, а за одлуките Палевски ќе има право на жалба. На крај конечната одлука, на политичко ниво, може да ја донесе и тамошниот Советот на министри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?
Тој пак може да каже дека безбедноста во Македонија му е загрозена и со тоа да ја развлече процедурата, но тоа треба да го докаже.
Исто така, бидејќи е претседател на партијата „Десна“, и бидејќи не е сослушан за убиствата, бидејќи беше недостапен за македонските власти, може да каже дека станува збор и за монтиран политички случај, но и тоа треба да го докаже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана
(Фото) Телма открива каде била закопана убиената Вања
Фото: Фејсбук/Палевски