еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 37 пожари, 10 се активни

Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден.Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација.

Нискостеблеста вегетација е опожарена во општина Ресен, на Галичица, се шири во правец на врвот „Магаро“ кон Стење, од охридска страна.

Борова и букова шума горат во општина Кичево, меѓу селата Патеец и Козичино.

Вториот пожар во општина Кичево е меѓу селата Челопеци и Бигор Доленци, а третиот кај Зајас и Горно Строгомиште – и во двата гори мешана шума.

Последниот во оваа општина, сѐ уште активен, е кај село Туин, каде гори дабова шума. Во општина Пласница гори нискостеблеста вегетација.

Дабова шума е опожарена во општина Кочани, на територија на село Пресека. Од пожарите под контрола, се додава во соопштението, едниот е кај ТЕЦ „Неготино“, опожарена е сува трева.

Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид, каде опожарена е ниска вегетација. Третиот е во општина Чашка, опожарена е мешана шума.

Две депонии биле запалени, на територија на општините Делчево и Липково. Последниот пожар под контрола е на градската депонија во општина Кочани, горело ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија.

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Елена Гошева на свое име има само земјиште и депозит од 32.700 долари

Редакција

Народна банка со ново зголемување на каматните стапки

Редакција