еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 56 иницијативи на Антикорупциска, ниту една истрага или обвинителен акт

За време на петгодишниот мандат, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), поднела 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење.

Ниту за една од нив нема ни истрага, ниту обвинителен акт, информираше денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

-Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав, туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“.

Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција, кажа Ивановска, која посочи дека сите тие инцијативи се однесуваат на високи профили на функционери, и сите се поткрепени со доказен материјал кои Обвинителството требало да ги има во предвид, да не ги третира како пријава од обичен граѓан, затоа што дел од тие наоди се потпираат на ревизорски извештаи.

Таа рече дека за време на мандатот на овој состав на ДКСК, членовите не се соочиле со притисоци или закани, а притисоците биле јавни, а како примери ги посочи соопштенијата од тројцата вицепремиери кои коментирале наоди на ДКСК, како и настапот на Јавното обвинителство кога информираше дека ја прекинува соработката со Комисијата.

– Ние на сите тие јавни притисоци сме имале и јавни одговори, кажа Ивановска.

Како своевиден притисок членот на Комисијата, Владимир Георгиев ја посочи кривичната пријава поднесена против него како резултат на иницијативата на Антикорупциска поднесена во Обвинителството против директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, за предметот со ваучерите, за која кажа дека е поткрепена со факти, со нивни истражувања и со наоди во извештајот на Државниот завод за ревизија.

ДКСК за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2.872 предмети од кои 2.788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. Решени се 2.451 предмети.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Редакција

(ВИДЕО) Кој сакаше да го убие Киро Глигоров

Редакција

Партиите со пари на граѓаните ќе се рекламираат во 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници

Редакција