Група млади и хумани луѓе oд Кочани создадоа транспарентна платформа за донации за секое од децата повредени во пожарот во т.н. дискотека во Кочани.
Сите податоци за индивидуалните сметки на повредените деца се објавени со доброволна согласност од нивните родители или најблиски, а средствата легнуваат директно на нивните сметки.
Покрај тоа, преку оваа платформа граѓаните ќе можат да најдат и информации за психолошка помош, правна поддршка и превод на документи за лекување во странство.
Тимот работи на понатамошно подобрување на страницата за да обезбеди што повеќе ресурси за семејствата погодени од оваа трагедија.
Секој што е во можност, нека донира и помогне на овие деца да ја добијат неопходната помош.
Платформата ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани