еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Отец Димитар повикува на Акатист и Литургија за настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Свештенството при храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани повикува денеска на Акатист кон Пресвета Богородица, а утре на Заупокоена Литургија.

„Во овие великопосни денови кога имаме поголема потреба од засилена молитва, а според Типикот пропишан од Православната Црква денеска со почеток во 17 часот ќе се отслужи Акатист кон Пресвета Богородица на кој верниците можат да донесат петолебие за здравје, а во саботата со почеток во 07 часот ќе се отслужи утрена со Заупокоена Литургија каде верниот народ може да донесат варена пченица и вино за покој на своите ближни.

Поради немилите настани посебно апелираме родителите (или ближните) на повредениете дечиња да донесат петолебие или во најмала рака да се присутни на Акатистот, а родителите на прерано упокоените да дојдат на Заупокоената Литургија (со вино и пченица).

Ве повикуваме сите на соборна молитва,“ пишува отец Димитар на неговиот Фејсбук-профил.

Овој повик важи за сите верни низ цела Македонија, бидејќи во сите храмови денеска се служи Акатист, а утре Литургија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „На душите им треба молитва, да ги погребеме децата па ако сакате запалете го градот,“- свештеник ја смирува вчерашната толпа во Кочани

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција целосно се отвара до 1 јули: Презентирани правилата за „новото секојдневие“

Редакција

(ВИДЕО) „Here I stand“: Објавена песната со која Македонија ќе учествува на Евровизија

Редакција

(ВИДЕО) Втора Парада на гордоста во Скопје

Редакција