Од вечерва на полноќ цената на бензините поевтинува за 1,50 денар, а на дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 75,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77,50 денари за литар.
Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) е 68,50 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.